Спасовски: Секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина 

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во писмото со честитки на премиерот Спасовски по повод празникот. 

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до г.г. Стефан, архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, до свештенството на МПЦ-ОА и до сите православни верници во Република Северна Македонија, во кое упатува желби за „прифаќање на пораките од овој голем христијански празник кои потсетуваат дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди”.

– Оптимизмот и надежта со кои е исполнета пораката на празникот Богојавление – Водици, нека биде поттик постојано да го негуваме стремежот за добри дела како придонес на секој од нас за заедничка подобра иднина која ќе ја оствариме со добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во писмото со честитки на премиерот Спасовски по повод празникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот