Спасовски за роденденот на Ахмети: Казнети се сите што седеа на таа маса

Казнети се сите кои седеа на масата без разлика дали се претседатели на партии, пратеници или министри, кога станува збор за ова раководство на МВР, не може да замерите. Определени сме дека законите важат за сите, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски прашан за прославата на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во новите простории на Министерството за политички систем.

Министерот на денешната прес-конференција посочи дека е важно да функционираат институциите и секој да носи одговорност без разлика дали е функционер или не.

– Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување на казни на државни функционери барем на мене или на ова раководство на МВР не можете да замерите. Од премиерот, заменик премиерот, министерите сите до еден до сега имаат казни заради тоа што направиле одредени превиди кои што треба да ги санкционирам, рече Спасовски.

Тој додаде дека кривичните пријави се доставуваат до Јавното обвинителство, а подоцна Обвинителството ќе се произнесе дали станува збор за кривично дело или не.

Спасовски напомена дека постои одреден протокол дефиниран од Комисијата за заразни болести како и на кој начин се однесуваат институциите при одржување на средби и состанотци.

– Значи при одржување на средби и состаноци во државни институции треба да се запазат протоколите за дистанца, за носење на заштитна опрема, но не е забрането да ги имаме таквите средби, така што од кривично правен аспект ќе се изјасни Јавното обвинителство, ние стоиме на располагање да помогнеме да асистрираме за се што ќе биде побарано од нас. Меѓутоа од аспект на таа прекршочна одговорност за непочитување на мерките кои ние сме ги носеле, на сите нив им се изречени прекршочни санкции, дадени платни налози, додаде Спасовски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот