Спасовски: За прашањата од национален интерес не смее да има надмудрувања, треба да има консензус

пасовски, рече дека за тие прашања е скептик за односот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак е оптимист дека ќе се постигне консензус.

Во вечерашното гостување на Топ Тема техничкиот премиер, Оливер Спасовски рече дека за прашања кои се од витален национален интерес не треба да има политички надмудрувања.

-Битно е одлуките за овие важни прашања да ги донесеме со консензус, не е важно кој кого ќе надмудри во период затоа што нема надмудрување, верувајте кога се работи за иднината на државата, кога се работи за виталните национални интереси, каде е тука можноста некој некого да надмудрува во политичка смисла? ….Можноста за надмудрување секогаш постои, но не за вакви прашања, ајде да се надмудруваме за други теми кои што чист политички интерес., истакна Спасовски.

Спасовски, рече дека за тие прашања е скептик за односот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак е оптимист дека ќе се постигне консензус.

-Идеално би било сите политички партии преку своите забелешки кои ги имаат ги кажат и врз основа на тоа да бидат донесени тие законски решенија, лично ако ме прашате јас имам поголем скептицизам кон ВМРО ДПМНЕ, од аспект на тоа дека партискиот, личниот, бизнис интерес, криминалните интереси се пред на прв план vis a vis државните интереси, истакна Спасовски, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот