Спасовски: За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик

За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби и ќе мора да го напуштат МВР со што би се распределиле во други државни институции, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност.

Министерот рече дека вработените во УБК кои не аплицирале за новата агенција остануваат во МВР, а оние кои не го поминале ветингот одат во други институции.

-Работиме на подготовка на систематизација со цел да добијат решенија во МВР, освен за оние за коишто има утврдено безбедносен ризик кои ќе мора да го напуштат Министерството за внатрешни работи  и да бидат префрлени во други институции од коишто ќе бидат прифатени, истакна Спасовски.

Од сведоците во случајот Таргет-Тврдина, луѓето кои ги открија и изнесоа од Управата нелегално снимети материјали „бомбите” само Звонко Костовски аплицирал и е примен во Агенцијата за национална безбедност, додека пак Лазаревски воопшто не аплицирал и останува во МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот