Спасовски: За две ипол години во Чучер Сандево реализиравме два патни инфраструктурни проеки

Од Програмата за рамномерен регионален развој реализирани се четири проекти со вкупна вредност од 9.519.348 денари, вели техничкиот премиер.

– Владата покажа дека се грижи за граѓаните, а прикажа и цврста определеност да ја поддржи локалната заедница, изјави премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на општината Чучер Сандево.

Тој посочи дека во оваа општина во соработка со централната власт реализирани се два проекти од патната инфраструктура со вкупна вредност од 268.292 евра.

– Квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и развој, и е едно од клучните барања како на бизнисот, така и на граѓаните. Еден од овие процеси е градењето на нова и санација на постојната инфраструктура, особено во деловите од земјата кои со години беа заборавени и запоставени, рече Спасовски.

Додаде дека во Чучер Сандево се реализираат четири проекти од Програмата за рамномерен регионален развој со вкупна вредност од 9.519.348 денари. Тоа се проектот за решавање на проблемот со поројните води на Скопска Црна Гора, проектот за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопската котлина, проектот за реконструкција на примарната и секундарната водоводна мрежа за селото Блаце, како и реконструкцијата на дел од локалниот пат за истото ова село.

Во Чучер Сандево се спроведуваат и два проекти за подобрување на условите во училиштата во вкупна вредност од 9.219.437 денари.

Спасовски повика на поголема афирмација на проектот за поддршка на млади земјоделци во висина од 10 илјади евра за период од три години и локалните власти да аплицираат со квалитетни проекти во прекуграничните програми на Европската унија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот