Спасовски: Вратена слободата на движење, од утре нема полициски час (ВИДЕО)

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Владата вечерва се одржува заедничка прес-конференција на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски.

Прв говореше премиерот Оливер Спасовски, кој ги соопшти одлуките од денешната владина седница.

-Владата донесе одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестрикитвни мерки, од утре целосно престанува одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата теририторија на државата. Од четврток 28 мај отпочнуваат со работа угостителските објекти со посебен протокотл во отворените делови, а од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории на лица беа ослободени од работните обврски, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, ротации и слични мерки, ова не важи за хронично болните, отстапка од оваа одлука ќе има и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работа на градинките – рече Спасовски.

Денеска го усвоивме и прецизниот протокол за постапување при влез на сите лица македонски државјани во земјата. Согласно овој протокол задолжителниот државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, се заменува со домашна изолација доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР негативен тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија.

Од денеска, сите лица кои се спроведени во објектите за државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот во кој се сместени и доколку имаат негативен резултат да бидат упатени во домашна самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот