Спасовски во посета на Манастирот „Св.Наум” на Шапка во пресрет на големиот празник Божик

Претседателот на техничката влада Оливер Спасосвки денеска престојуваше во посета на манастиорот „Св.Наум” на Попова Шапка.

„Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец, токму на денешен ден кога граѓаните верници го слават овој голем светец“, објави на неговиот фејсбук профил Спасовски.

Манастирот, додава Спасовски, денеска ширум ги отвори вратите за верниците кои дојдоа да го чествуваат празникот и да учествуваат на литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

„Во пресрет на големиот празник Божик, денот на Христовото раѓање, ова е убав ден и повод да се посветиме на солидарноста инспирирани од големото дело на Св. Наум Охридски Чудотворец кој целиот свој живот го посветил на помагањето на болните, на сиромашните и на изнемоштените“, стои на фејсбук профилот на Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот