Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална политика во техничката влада

 Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување, напиша на својот Фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Упатувам јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална политика во техничката влада. Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување, напиша на својот Фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија. Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот