Спасовски: Влашкиот народ има значајно место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Оливер Спасовски, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, во негово, и во име на Владата, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница.

– Денеска го одбележуваме 23 Мај, Националниот ден на Власите, и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.

Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност.

Влашкиот народ и истакнати личности Власи, споделувајќи ги овие вредности, учествуваа и имаат значајно место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја и во сите премрежја, во добро и во зло, се нераскинлив дел на нашето заедничко живеење.

Би сакал да се заблагодарам за вашиот несебичен придонес во градењето на заедништвото и низ толеранција, доверба и почитувањето да продолжиме да создаваме едно општество за сите.

И денес кога се соочуваме со кризата предизвикана од КОВИД-19 заедно со нашите сограѓани Власи, обединети и со солидарни, полесно и побрзо ќе се справиме со актуелната здравствено-економска криза и ќе придонесеме за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина. Честит 23 Мај, Национален ден на Власите!, се наведува во честитката од премиерот Оливе Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот