Спасовски: Владата во минатите четири години инвестираше 840.000 евра во патна инфраструктура во Сопиште

оливер спасовски
Оливер Спасовски Скопје/ Фото: Слободен Печат. /Драган Митрески

 Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште, изјави вечерва потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски каде беше дел од маалска средба во оваа општина.

– Овде во Сопиште завршена е рехабилитација на регионалниот пат Сопиште – Долно Соње со должина од 3,7 километри за што вложивме 220.000 евра во 2020 година. Рехабилитиран е регионалниот пат Сопиште – Говрлево долг 7,20 км, за што издвоивме 620.000,00 евра во 2020 година. Она што го правиме како централна власт во овие четири години во сите области, придонесе денес нашите граѓани да имаат повисок животен стандард, да се отвораат нови работни места, а општините и регионите рамномерно да се развиваат, порача Спасовски.

Поради сето тоа, додаде Спасовски, но и поради најдобрата кадровска и програмска понуда СДСМ е фаворит на овие локални избори.

-Ја комплетиравме понудата на кандидати за градоначалници во 69 општини. Една од нив е и Сопиште општина која со години е запоставена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за Сопиште имаме квалитетна силна понуда во кандидатот Сашо Стојановски кој многу добро знае што му треба на Сопиште кој е подготвен да работи посветено за своите сограѓани. СДСМ со Стојановски оди на победа на овие локални избори, заклучи Спасовски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот