Спасовски вети јакнење на претприемачкиот дух и креативноста кај младите

Осврнувајќи се на младинските политики, Спасовски посочи дека Оператиниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и најави директна поддршка за младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

Носителот на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме”, Оливер Спасовски попладнево се сретна со млади од Гази Баба пред кои вети јакнење на претприемачкиот дух, иновациите и креативноста кај младите и градење на општество во кое ќе се почитуваат талентите.

– Ве мотивираме да учите, работите и живеете во својата земја со реална поддршка и затоа изборот на коалицијата „Можеме” на 15 јули е глас за вашата шанса за сигурна европска иднина дома. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаше младите од државата. Тие времиња не смееме да дозволиме да се вратат. Затоа не смееме да останеме дома на 15 јули. Се носи важна одлука и мора сите да излеземе на гласање и да гласаме за број 3 и за младинската сигурна иднина – рече Спасовски.

Прочитајте и...  Почна конститутивната седница, Со 115 гласови „ЗА“, Шахпаска избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието (ФОТО)

Осврнувајќи се на младинските политики, Спасовски посочи дека Оператиниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и најави директна поддршка за младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

За проектот „Младинска гаранција” рече дека земјава е прва држава која не е членка на ЕУ, а го спроведува проектот. Во 2018 година, како што посочи, во проектот биле вклучени 5.266 млади од кои 1.923 се вработени, а лани биле вклучени 20.302 млади од кои 6.036 се вработени. Годинава, заклучно со 30 јуни вклучени се 8.173 лица, од кои 2.431 се вработиле.

Прочитај повеќе

Грција испраќа спасувачки тим во Бејрут

Слободен печат

Кина со остар протест до САД заради најавената посета на американски министер на Тајван

Слободен печат

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Мирослава Бурнс

Вучиќ ќе избира меѓу четворица кандидати за нов српски премиер

Слободен печат

Ново промотивно видео кое ја претставува Македонија како врвна дестинација (ВИДЕО)

Слободен печат

Во исчекување на протоколите, МОН објави прирачник за чистење на училиштата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Слободен печат

Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Слободен печат

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат

„Букинг“ отпушта 4.000 вработени

Слободен печат

СДСМ и понуди на ДПА да биде дел од владината коалиција

Слободен печат