Спасовски вели дека нема да дозволат никој „да го наруши нашето достоинство“ – ни Македонец, ни Бугарин

Фото: МВР/принтскрин

„Нема да биде дозволено нарушување на достоинството на македонскиот народ и македонската држава во ниту еден облик, тоа нема да го толерираме ако се прави од било кого, граѓанин на Македонија или граѓанин на Бугарија“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во гостувањето на „Сител“.

„Секако дека има и оправдана реакција од граѓаните, ние секогаш сме гостопримливи и сакаме да покажеме висок демократски капацитет и тоа сме го покажале, меѓутоа институциите на системот се тука и работат постојано, нема потреба да се блокираат патишта и било што друго, тоа нема да придонесе кон ништо“, истакна министерот.

Според него, нашиот идентитет, јазик и нашата култура се само наши и ние треба да си ги штитиме максимално.

„Се креваат тензии дека некој ќе дојде и ќе ни ги земе овие обележја, ние ќе си ги чуваме“, додаде Спасовски.

Во однос на тоа дали ќе има забрани за влез на бугарски државјани, Спасовски рече дека основата на тие одлуки е почитувањето на македонската држава, македонскиот народ и нашето достоинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот