Спасовски: Ве повикувам вас Ромите да се обедините против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик

Носителот на ИЕ2, Оливер Спасовски попладнево се среќава со граѓани на скопската општина Шуто Оризари.

– По НАТО членството, еве следува отворање и на преговорите со ЕУ. Од европските фондови со тоа обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, за поголема социјална помош, за канализации, патишта, водоводи- рече Спасовски.

Вие знаете колку пари насочивме кон граѓаните, потенцираше Спасовски, во Шуто Оризари, корисници на гарантиран месечен приход се 1.411 лица. Корисници на детски додаток се 572 лица. Корисници на образовен додаток за деца се 341 лице. Корисници на социјална пензија се 71 лице.

– Општо во државава социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. 26.636 домаќинства користат гарантиран минимален приход повисок во просек за 300 проценти. За 3.5 проценти го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Над 33.000 деца во училишна возраст примаат по 1.000 денари месечно детски додаток. Воведовме образовен додаток за основци и средношколци од семејства во социјален ризик: 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари за средно образование. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. 6.747 луѓе земаат социјална пензија од 6.000 денари. Следува нова развојна економија, со повеќе инвестиции и можности за нови работни места, но мораме да продолжиме по патот на евроатланските интеграции по којшто тргнавме- порача Спасовски.

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, потенцираше тој, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата.

– Ве повикувам вас Ромите во целата држава да се обедините против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик, “тегнеа за уши“, планираа “пиштење – вриштење“, “семејства во ендек“. Пред 4 години во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не смееја ни да зборуваат, денес е слобода. ВМРО-ДПМНЕ е опасност. Гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита. Со строго почитување на протоколите гласањето ќе биде сосема безбедно. Да излеземе на гласање, на не дозволиме обнова на режимот, да избереме сигурна иднина за сите. Да гласаме за број три и да си ја осигураме иднината- повика Спасовски на средбите во Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот