Спасовски: Тоа што Британија ги призна македонските возачки дозволи е потврда дека ни ги ценат државата и институциите

„Владата на Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи после повеќегодишно преговарање. Тоа е една одлична вест во предвечерието на 7 мај – Денот на македонската полиција. Со тоа, граѓаните на нашата земја ги добиваат поволностите кои што ги имаат и останатите развиени држави“, изјави министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, во вестите на „Канал 5“.

Тој нагласи дека ова е „важен момент и важен чекор напред кон ценење и на државата и на институциите“, бидејќи граѓаните на нашата земја ги добиваат поволностите кои што ги имаат и останатите развиени држави.

„Македонски граѓани кои што живеат или престојуваат во Обединетото Кралство, ќе можат возачката дозвола да ја заменат за возачка дозвола од Обединетото Кралство без потреба повторно да полагаат. Исто така и сите државјани на Обединетото Кралство кои што се на територијата на нашата земја, имаат можност нивната возачка дозвола да ја заменат тука“, објасни Спасовски.

Тој потсети и дека ваков договор, по 20 години преговарање, пред две години беше потпишан и со Германија. Најави такви и со други држави.

„Слични процеси се отворени и со други држави, а ние ќе продолжиме да работиме посветено и на тој начин да испратиме порака дека соработката е важна за создавање на подобри услови за секој државјанин“, истакна министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот