Спасовски: Со „ветингот“ ќе се искорени криминалот во УБК (ВИДЕО)

„Ветингот“ ни е потребен за да се искорени криминалитетот во државава, пред се во УБК и МВР, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието на Македонија.

– Тоа е важно за да можат институциите да се борат против криминалот и корупцијата или против луѓе кои самите се криминалци – изјави Спасовски.

– Ова е потребно затоа што постојат силни аргументи кои укажуваат дека одредени луѓе кои се дел од тој безбедносениот систем или воопшто не требале да бидат во тој состем, а некои од нив не требало да поминат ниту по улицата каде се наоѓа Министерството, не пак да бидат вработени во полицијата. Дел од нив се исквариле во моменти кога дошле внатре – рече Спасовски.

Тој потенцираше дека ветингот е неопходна постапка за да се изгради систем и дека е потребен за граѓаните и иднината на нашата земја.

– Ако борбата до 2017 година беше како еден авторитарен режим да биде заменат и да се врати демократијата во Македонија, таа битка е завршена. Денес Собранието , Владата и граѓаните имаат задача да се борат против бандитите, криминалците и пљачкашите. Оваа битка не признава ниту националност, ниту вера, ниту партиска припадност, ниту пак слободни граѓани кои сакаат да бидат над државата и законите – истакна Спасовски.

Според министерот, „благодарение” на минатата Влада, која ја нарече режимот до 2017 година, се отвори можност дипломи да се купуваат во трафика.

– Како ќе му текнеше на некој или му требаше, оди си купува и на основ на тоа добива позиција. Затоа имавме доктори по науки по безбедност кои беа обични инспектори во полициските станици во Битпазар, Чаир, Ѓорче Петров…, а шефови беа со купени дипломи во трафика. Кога ги купувале барем да воделе сметка. Имаше началник со Факултет за туризам поставен да води оддел за управување со возила, а делот на туризмот да го води машински инженер. Тоа покажува до кое дереџе ни беа институциите и со што треба да се справиме – истакна Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот