Спасовски со 17 мерки за справување со кризата од коронавирусот: Сите функционери со минимална плата, ќе се одложат кредитите

Коронавирусот драматично го смени животот во Македонија. Светот ја преживува најголемата закана по Втората светска војна, а сега голем број земји се соочени со фатални последици по нивното здравје. Презедовме драстични мерки како вонредната состојба и органичувањето на движењето. Мерките дадоа резултати. Имаме линеарно ширење на вирусот и јасна претстава за шемата по која ќе се шири понатаму, изјави на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.

– Со првите мерки се запре работењето на голем број мали и средни претпријатија. Отвараме фронт за да обезбедиме функционирање на буџетот, ликвидност и финансиска инјекција преку мерки за помош на работниците и стопанството и да се зачуваат работните места на граѓаните. На седницата на Владата донесовме втор сет економски мерки дизајнирани во широка консултација и суштинска дебата со членови на економскиот совет и низ оделните рзговори со економски познавачи од таа сфера – рече Спасовски.

Со мерката број 1 се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза од ковид 19. Предмет е исплата на платите на работниците кај работодавачот барател на финансиска поддршка за мај и април од 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на ефективните часови на работа, посочи премиерот.

– Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена владина програма за финансиска поддршка на работодавачите. Тие ќе треба да исполнат и неколку услови за оваа мерка, да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, бонуси, годишни награди на вработените и членовите на органите на управување, да имаат 30 отсто намалување на приходите споредено со просекот од минатата година. За месецот за кој се бара финансиска поддршка просекот на делот на највисоките нето плати на 10 отсто од брјот на вработените кај работодавачот да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен. Дополнително, таа не се однесува на оние вработени кои за декември 2019 година, јануари и февруари 2020 примиле нето плата повисока од 39.900 денари.

Работодавачите кои ќе добијат поддршка имаат обврска да ги задржат вработените што ги имале во моментот на аплицирање. Добиената поддршка нема да ја враќаат работдавачи кои имаат загуба во 2020 година, а за другите 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочените расходи. Оваа мерка е и за медиуските правни субјекти. За самостојните вршители на должност, сите занаетчии, механичари, фризери, бербери, пекари и др, ќе биде донесена дополнителна уредба. Субвенционирање 50 отсто придонеси за плата за погодените компании и ова е алтернативна мерка на претходната мерка. Критериумите за двете мерки ќе бидат објавени во дополнителна уредба.

Втората мерка е за помош на спортистите. Сите спортски работници ќе имаат минимална плата од 14.500 денари за април и мај. Помош ќе има и за уметниците. За 141 самостоен уметник ќе биде озбебедена минмална плата за април и мај и придонеси преку Министерството за култура. Месечна плата за граѓаните кои останале без работа во висина од 50 отсто од просечна плата за период од 6 месеци, за оние кои останале без работа поради кризата, ќе добиваат паричен надоместок во висина од 50 отсо од просечна нето плата за последните 24 месеци.

Сите избрани именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 денари во април и мај 2020 година. Тоа значи претседателот на државата, Собранието, сите министри, директори на државни институции, градоначалници и други лица на национално и локално ниво. Претседателите, членовите на управните, надзорните одбори на јавните инситуции од извршната и локалната власт и претседатели, членови на совети на општини на комисии формирани од извршна и локална власт кои истовремено некаде работат нема да добиваат надомест додека трае кризата. Одлуката важи додека Владата не донесе одлука за истата да престане.

Ова не важи за невработени лица. Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица од неформалната економија. Проценетиот опфат изнесува околу 20.000 нови домаќинства и 30.000 постоечки корисници. Се запира законот за извршување до јуни 2020 година. Одложување на кредитите кај банките. НБРМ ја промени одлуката за методологија за управување со кредитен ризик за ублажување на последици од Ковид – 19. Со цел полесно спроведување на активностите, репрограмирањето и договарањето меѓу банките и нивните клиенти, банките ќе ги одложат кредитите без потпишување на анекси и одење на шалтер. Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови, а кај физичките ќе ги одложат отплатите од 3 до 6 месеци. Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите.

Да се одложи плаќањето закуп за корисници на социјалните станови. Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија. Максималниот износ не може да биде повисок од 90.000 евра, а минималниот не може да е понзок од 3.000 евра. Отплатата на кредитот ќе се врши во квартални отплати. 50 милиони евра кредити од развојната банка пласирани преку комерцијални банки за заштита на ликвидност на компании. Се забранува отворање стечајна постапка. Оваа мерка е веќе донесена. Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор од 2020 година заклучно со 31 мај годинава. Формирање на солидарен Ковид- 19 фонд отворен во Владата за сите кои ќе може да донираат средства за справување ссо кризата. Намалување на авторските хонорари. Лица кои по било кој основ биле ангажирани, а се некаде вработени ќе добиваат 50 отсто помал хонорар. Ова не важи за невработени лица – рече премиерот Оливер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот