Спасовски: Службата за разузнавање беше кревка, затоа ја реформиравме

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното интервју за Вин-вин на ТВ Телма, околу бегството на Никола Груевски и за пропустите што се направени, рече дека разузнавањето во изминатите години било кревко и дека затоа е направена негова реформа.

– Во однос на силината на македонското разузнавање, на агенциите кои што работеа, па тие ако беа добри, ние немаше да правиме реформа, ако беа со стручни, компетентни и професионални луѓе. Кога зборувам за службата и затоа се правеше оваа состојба на формирање на агенцијата преку ветинг итн, заради тоа што тие длабоки политички конекции што ги имавме внатре во работењето на таа служба под раководство на Мијалков, сето она што ни го правеа во сите изминати години на нас како држава, покажува дека таа служба беше толку кревка која што можеше навистина да доведе до една таква состојба – оцени Спасовски.

Прочитајте и...  МОН подготви концепт за учење на далечина, но од 2022 година, не се знае како ќе се одвива наставата од септември

Во однос на службените белешки што се воделе за Груевски, рече дека тоа не се службени белешки кои биле направени за еден или за друг, туку тие се правеле и се прават се уште за процеси за секое лице за кое се водат истраги и се доставуваат повторно до Обвинителството.

– И затоа кога разговаравме за тоа колку пари има Груевски извадено, дали бил известен специјалниот јавен обвинител, да, дали за одредени работи се преземени мерки што биле потребни, да и тоа е направено, зошто тие обвинители не покренале постапки веднаш да реагираат во одреден момент, тука се прашањата на кои треба да добиеме одговор. Затоа го објаснувам целиот овој процес и вие добро знаете кој ги води истрагите и како се водат според законските прописи – истакна Спасовски.

Прочитајте и...  Градоначалничката на Атланта е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Според него, истрагата треба да докаже преку податоците што се собрани во делот за напуштањето на територијата на Македонија од страна на Груевски.

– Објавата дека тој преминал во Албанија, па со дипломатско возило на унгарската амбасада е отиден во Црна Гора, па оттаму е преземен со друго возило во Србија итн, тоа што се соопштува во јавноста, тоа беа податоци што ги добивме – рече тој.

Вели дека ја разбирам нервозата на граѓаните околу тоа прашање, и оти многу слично гледам на овие состојби.

– Ние имавме држава која систематски се разградува во изминатите 11 години, и во делот на безбедносните служби и во делот на судството и во делот на Обвинителството, и не очекуваме сите ние или не можеме да очекуваме дека во еден период или во една година и половина целиот тој систем ќе биде толку добро консолидиран и ќе покаже резултати – оцени министерот за внатрешни работи.

Прочитајте и...  ЦЈЗ Куманово- Четири новозаболени од Ковид-19

Прочитај повеќе

За 24 часа регистрирани 415 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Слободен печат

На анкетите им се „истопи“ рејтингот во јавноста

Комисијата до Владата ќе достави предлог за задолжителен ПСР тест за граѓани од Србија, Косово, Бих и Црна Гора

Слободен печат

Болсонаро го спореди коронавирусот со дожд: На крајот сите ќе бидеме мокри

Слободен печат

Марковиќ: Кој и да победи на изборите ќе има јака опозиција која редовно ќе и „дише во врат“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Андоновиќ: Најава за нови протести во Белград – Револт поради новите мерки или обид за уривање на Вучиќ? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Шкриељ: Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето, продолжуваме на патот на социјалната реформа (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО: Признаваме, се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот

Слободен печат

Новиот француски министер за внатрешни работи е под истрага за силување

Слободен печат

Директорот на ФБИ: Кина е најголемиот противник на САД

Слободен печат

Исмаил од Левица: За разлика од ВМРО ние не буткаме граѓански туку народен концепт, вработување на лица од посиромашни семејства (ВИДЕО)

Слободен печат