Спасовски: Сите предмети со висока корупција мора да имаат судска разрешница (ВИДЕО)

Кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски е на средби во скопската општина Гази Баба. Спасовски даде изјава за јавноста, во населба Железара во парк шумата кај фитнес центарот од Агенција за млади и спорт.

-Ги поставивме основите за правна држава и сега е на ред да се прочисти правосудството од корумпирани обвинители и судии. Покажавме дека нема како до пред три години нарачани пресуди, тефтерчиња, или ало судија, ние работевме на свеста и на одговорноста на извршаната власт. Никој да не посмили да се меша во работата на правосудната власт, како што се случуваше во мрачните времиња на режимот- рече Спасовски.

Кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски / Фото: Слободен печат

Го донесовме Законот за јавно обвинителство, потенцираше Спасовски, што гарантира дека сите предмети со висока корупција мора да имаат судска разрешница.

-Во нашата програма се обврзуваме на ред, дисциплина и правда. Прв приоритет е прочистување на судството, во коешто се наоѓаат остатоци од груевизмот. Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во коешто законот е еднаков за сите. Купување правда, монтирани случаи, жртви на режим, тоа е минато. Секој којшто ќе се дрзне да се меша во такво нешто, па дури и да се тоа судии и обвинители, ќе мора да се најдат под лупата на правдата- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот