Спасовски: Сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите

Изборите мора да се одржат врз основа на законските прописи и врз основа на владината уредба. Таа уредба ги прекина активностите околу изборите. Така што, кога ќе заврши вонредната состојба, роковите за избори ќе продолжат и остануваат уште 22 дена, а тоа се поклопува со 5 јули како можен датум. Затоа, ако ги следиме овие факти тогаш датумот за избори е јасен. Нам ни треба функционална држава и ако нема избори ќе нема ништо, изјави премиерот Оливер Спасовски во интервју за ТВ 24.

Има и алтернативни мерки за организирање на изборите, односно како ќе оди промовирањето на програмата на партиите. Доколку не стивне новиот бран, премиерот Оливер Спасовски за ТВ 24 рече дека ќе ја следат ситуацијата и врз основа на тоа ќе реагираат.

-За нас е многу важно да имаме функционални институции. Сега не работи Парламентот и немаме можност да носиме законски одлуки. Имаме недостаток од извршна контрола на парламентарната власт. Мислам дека сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите. СДСМ не бега од било каква комуникација со опозицијата. Во секој момент комуникација може да има и да се разговара за сите взаемни интереси, официјални разговори нема– рече Спасовски.

Спасовски смета дека е најдобро е имаме учество на опозицијата на изборите и секој од нив треба да знае да се штити интересот и здравјето на граѓаните. Истакна дека нема потреба од воведување на нова вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот