Спасовски: Секој што учествувал во „Рекет“ мора да одговара!

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за МИА, вели дека многу е важно случајот „Рекет“ да има завршница, а за пратеничката Фросина Ременски дека ќе разговараат и одлучуваат во партијата.

Сметате ли дека Фросина Ременски треба да биде исклучена од партијата со оглед на тоа дека е сега осомничена во овој случај и дали очекувате други членови на вашата партија да се открие дека се инволвирани?

– Видете многу е важно целиот овој случај да има завршница. Секој еден којшто е дел од каков било акт којшто е осомничен итн. да се поведе постапка, да се изведе пред лицето на правдата да се докаже тоа што е моментално сомнеж итн. и да покажеме дека РСМ има капацитет да се справува и со овие прашања. Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за кој било член на Влада, директор, пратеник итн. во институциите, сега гледате дека полека, но сигурно се гради тој систем, па почнуваме да разговараме не само за одговорност на бившите функционери, туку за одговорност и за оние коишто денеска се дел од институциите. Партијата ќе разговара во однос на прашањето и во однос на односот на Фросина Ременски, односно случајот со Фросина Ременски. Јас сакам да се почитува нели пресумпцијата на невиност, меѓутоа ние мораме на основа на тоа да носиме и соодветни одлуки во рамките на партијата. Така да очекувам дека таа дебата ќе се отвори во партијата.

Прочитајте и...  БиХ: Протести во Сараево поради незадоволство од состојбата во државата

– Инаку јас само очекувам институциите на системот да работат и секој еден којшто учествува не само во овој случај, туку секој еден којшто учествува во криминални активности за што било во кој било случај, во било која институција да мора да ја сноси одговорноста, затоа што на таков начин ние праќаме силна порака до граѓаните дека прво правдата нема да биде селективна, дека сите процеси ќе се водат транспарентно, дека институциите на државата имаат капацитет да се справат со вакви ситуации и на крајот од краиштата да ја пратиме клучната порака како граѓани на РСМ дека сме определени сериозно да се избориме против криминалот и корупцијата. Тоа е нешто што од нас во овој момент се очекува, чесните, одговорните граѓани на оваа држава да ги победат оние коишто се нечесни и коишто учествувале во криминални активности, вели министерот Спасовски во интервју за МИА.

Прочитајте и...  Кичево презема мерки да го изолира првиот случај со ковид-19

Прочитај повеќе

Џафери: Новите 14 дена се доволни за партиите да го договорат датумот за изборите

Слободен печат

БиХ: Протести во Сараево поради незадоволство од состојбата во државата

Слободен печат

Во протестите во Калифорнија загина полицаец, друг е повреден

Слободен печат

Потврдени 35 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа

Слободен печат

Пендаровски: Нова вонредна состојба од 14 дена (ВИДЕО)

Слободен печат

ВО ЖИВО: Изјава на претседателот Стево Пендаровски

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Општина Гази Баба ги ослободи родителите од надомест за трошоци во градинка

Слободен печат

Објавени правилата од протоколот за запишување на првачињата (ФОТО)

Слободен печат

Почнува исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Слободен печат

Прва жртва на протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд

Слободен печат

Чулев: Управен суд ја поништи одлуката на Влада за 88 распоредувања во МВР

Слободен печат

Почна седницата на Советот за безбедност – Се одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Слободен печат