Спасовски: Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1.3 милијарда денари“, најави носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски во Волково.

Во разговорите со жителите тој објасни дел од мерките во Програмата за новиот 4-годишен мандат со што дополнително се мотивираат младите да работат, учат, живеат во родната земја.

-Со новата развојна економија овозможуваме грантови до 15.000 евра за млади луѓе кои имаат желба и идеја да отворат своја фирма, со што поттикнуваме нови работни места и успешни фирми со коишто вие раководите. За дополнителна поддршка на младите луѓе, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години, во првите две години од работењето, парите одат директно на сметките на младите. Ја продолжуваме мерката 3.000 денари месечен младински додаток, за вработени во производството, за млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование- рече Спасовски.

Тој посочи и на грижата за децата уште од најмала возраст.

-Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита, за само две години се изградија, се обновија и реновираа 44 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини, а нашата цел е повеќе и тоа го заокружуваме- додаде Спасовски.

Тој објасни и дека градинката во Волково ќе биде меѓу најмодерните градинки во државава.

-Станува збор за современа градинка, енергетски штедлив објект по сите стандарди. Градењето на овој капитален проект се движи со одлично темпо и според динамиката, предвидено е да се заврши во предвидениот рок- најави Спасовски во Волково.

Тој порача, за добрата сигурна иднина на децата и младите, на 15 јули жителите на Волково да излезат на гласање и да го заокружат бројот 3 на гласачкото ливче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот