Спасовски: Се забранува влез и излез со градски, меѓуградски и железнички патнички јавен превоз во Куманово

Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот, напиша на својот Фејсбук профил техничкиот министер Оливер Спасовски.

-На денешната седница на Владата ја дополнивме одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз- напиша Спасовски.

Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.

Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот