Спасовски: Санкции за луѓето кои ја прекршуваат изолацијата, осуда за сите акти на насилство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска предупреди дека санкциите за луѓето кои треба да бидат во изолација заради контакт со лице позитивно на Ковид-19 или самото лице е позитивно на Ковид-19, а не го прават тоа, подлежат на кривични санкции и парични казни, кои се над 2000 евра.

Спасовски потенцира дека тоа е практично кривична одговорност за секој еден кој не почитува систем на контрола преку самоизолација или изолација на лица што го напуштаат местото на изолација, а се позитивни на Ковид-19.

– Затоа што директно придонесуваат да се нарушува здравјето на луѓето, директно ги ставаат во ризик сите останати и тоа мора да биде санкционирано. Затоа постојано и еве сега апелирам до граѓаните да бидеме многу совесни во делот на почитување на мерките. Знам дека стана прекомплицирано сето ова со Ковид-19, меѓутоа неизбежно е за да се заштитиме себе си, нашите семејства, да ја заштитиме државата и граѓаните, рече министерот Спасовски.

На новинарско прашање до каде е со реализација на идејата за отворање на границите, особено во однос на македонско-косовската граница, министерот Спасовски одговори дека тоа е прашање на кое одговор треба да дадат здравствените власти, заради тоа што сите одлуки кои се носеа во изминатото се базираа исклучиво на одлуктие што ги носат стручни компетентни луѓе, што се во делот на епидемиологијата и здравствените протоколи. Тука, подвлече тој, учествува и министерот за здравство заедно со Комисијата за заразни болести, во разговори со останатите држави.

– Како ќе биде проценето дека е најповолно за зачувувањето на здравјето и на животот на граѓаните, таква одлука е потребно да биде донесена, рече Спасовски. 

Треба да се почекаат сите аргументи и факти во однос на кој било настан, па дури тогаш да носиме суд во однос на тие настани, без разлика кој тоа го прави, дали се тоа граѓаните, НВО, медиумите итн…, нагласи Спасовки во врска со инцидентите што се случија, а во кои беа инволвирани полициски службеници.

Тој информира дека постапката за случката со полицајците во Битола е во фаза на истрага и нагласи дека апсолутно не оправдува никакво насилство.

– Ниту она направено од страна од припадник на полицијата, не сакам да генерализирам со оценките во однос на целата полиција или сите припадници на МВР. Мора да се издвојат оние кои не ги почитуваат законските овластувања, ги пречекоруваат, мора да носат одговорност без разлика за кого станува збор, рече Спасовски.

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Тој е дециден дека исто така не поддржува насилство што значи напад на полициски службеник, затоа што напад на полицаец е напад на државата.

– Барам поддршка од граѓаните, од медиумите, сите заедно да се заштитуваме меѓусебно и грѓаните, меѓутоа да ја штитиме и македонската полиција, затоа што секогаш кога е потребно и тешко, секогаш кога сме во незавидна ситуација бараме помош од македонската полиција и врз основа на тоа, таква и почит треба да имаме. Затоа овој случај во Битола е во рамки на истрагата и сетоа она што е потребно да го обезбедиме како МВР ќе биде обезбедено, како докази, и врз основа на тоа да се носат одлуките, рече министерот Спасовски, додавајќи дека за нападот врз петтемината полицајци, од кои еден е во сериозна здравствена состојба, веќе се уапсени и им се одредени мерки притвор за 10 лица.

Притвор за дрвокрадците од Прилеп

Спасовски им се заблагодари на ЈО за промптноста во делувањето и истакна дека само на таков начин ќе се обесхраббрат криминалците кои сакаат да напаѓаат и да го рушат системо на државата.

– Зајакнатите контроли во сите сегменти на макеоднското општество придонесоа ваква реакција, криминалците да почнат да ги напаѓаат полициските службеници. Но, тоа нема да не поколеба, напротив треба уште повеќе да не мотивира сите нас и затоа се отворени многу оперативни акции што значат заштита на јавното добро, меѓу кои и заштита на шумите, рече меѓу другото министерот за внатрешни работи Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот