Спасовски: Само со подобри услови за работа полицијата ќе може да испорачува врвна безбедност

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска остварија работна посета на Општина Маврово-Ростуше каде со градоначалникот на општината, Медат Куртовски разговараа за безбедносната состојба во општината и овој регион како и за посветеноста на локалните власти во изградба и реконструкција на повеќе објекти од битно значење за граѓаните.

-И во најтешките моменти на кризата со пандемијата kовид -19 , продолжуваме целосно да ги реализираме важните инвестиции, да инвестираме во суштинските области и во државните капацитети кои ќе генерираат напредок и прогрес- истакна министерот Спасовски на средбата со градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски.

Во оваа прилика градоначалникот Медат Куртовски изрази благодарност за денешната работна посета на министерот Спасовски и искажа задоволство од соработката со безбедносните служби и во овој исклучително тежок период за сите нас соочени со кризата со пандемијата со Ковид- 19.

Фото: МВР

Спасовски и Несторовска направија обиколка во близина на полициското одделение во Ростуше каде во тек се интензивни градежни активности . Во поглед на безбедносната состојба на овој регион нарушувањата на јавниот ред и мир споредено со истиот период минатата година заради kовид -19 пандемијата се значително намалени , но полициското одделение и во овие специфични услови на пандемија се карактеризира со добра покриеност на регионот со патролни служби и редовни активности на полициските службеници.

Така во поглед на стапката на криминалитет за изминативе девет месеци од 01.01.2020 до 30.09.2020 од 35 кривични дела кои се гонат по службена и приватна тужба расчистени се 20 или процентуално 75%.

-Наш врвен приоритет и во иднина останува да вложуваме во условите за работа, во техника и опрема бидејќи само со подобри услови за работа полицијата ќе може да испорачува врвна безбедност, што директно влијае на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани- рече министерот Спасовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот