Спасовски: Правда за сите ветивме и остваруваме (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Ова е голем ден за правдата во нашата држава, а со тоа и за брзата развојна економија што ја најавуваме во следниот 4-годишен мандат. Денеска стапи на сила Законот за јавно обвинителство, со којшто ги поставивме основите за правната држава, со којшто сите предмети што го отвори СЈО се спасени и се гарантира судска разрешница – и покрај сите блокади што ги правеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Оливер Спасовски, носител во ИЕ2 пред граѓаните во Старо Нагоричане.

-И од државниот јавен обвинител се слушна денеска уверување дека сите предмети ќе добијат судска разрешница и тоа така мора да биде и ќе биде, за да биде задоволена правдата. Правда за сите ветивме и остваруваме. Режимските остатоци во судстството и врвот на ВМРО-ДПМНЕ тоа не успеаја да го спречат. И во следните 4 години целосно ја заокружуваме оваа цел, со прочистување на правосудството од корумпирани судии и обвинители поврзани со режимот што го поразивме на претходите избори. На овие избори ќе продолжиме по правиот пат, во правна држава со што додаваме уште еден мотор, покрај евро-атлантските интеграции, во брзата развојна економија со повисоки плати и пензии и нова поголема финансиска поддршка на младите луѓе во следните 4 години- рече Спасовски.


Препреките за развој на економијата се надминати, потенцираше тој, станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра.

-Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме и ако на стартот на интеграциите имаме 660 милиони евра странски директни инвестиции – со почетокот на преговорите со ЕУ и со воспоставената функционална правда што ја бараат инвеститорите, со право најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот. Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови. И ќе има и просечна плата од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари во следните четири години. На прав пат сме, на патот на развојна економија, во праведна и правична држава којашто се грижи за сите, на патот на европска Македонија и продолжуваме кон сигурна иднина напред, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот