Спасовски: Правда е да не ве апсат со пиштол во уста како Љубе – и тоа никогаш повеќе нема да се случи!

Покажавме дека знаеме да се бориме за правдата и сруживме режим. Исправивме многу неправди, овозможивме луѓето слободно да се изразуваат, вработуваат, да ги остваруваат своите права што им следуват по закон. Следува расчистување и во правосудството кое работи според нарачки од груевизмот, се некои од пораките на носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната централна граѓанска трибина на коалицијата Можеме, во Скопје.

-Денеска бев во моето родно Куманово, имав многу средби и со млади луѓе, ми остави впечаток еден говор на еден млад човек, кој рече -сè ова што го бараат моите врсници е базирано на слобода. И сега ми одѕвонува во мислите. Сработивме и на полето на правдата и полето на правичноста. Денес нема одлука некој како Томче Кежаровски, да го ставите во затвор за напишан текст – тоа никогаш повеќе нема да го дозволиме. Правда е да го решите прашањето на 12.000 стечајни работници да земат по 8.000 денари за егзистенција. Правда е текстилните работнички наместо 6.000 илјади плата, да земаат 14.500 денари. Правда е и да не ви се закануваат и уценуваат – да добиете работно место какво што заслужувате, а не преку партиска книшка.

Правда е и да не ве апсат со пиштол во уста како Љубе – и тоа никогаш повеќе нема да се случи“ посочи Спасовски.

Тој рече дека денес е правда и да не се носат одлкуки по принципот „Ало судија“ и неправедно да се разрешуваат судии како што се случи со Виолета Дума.

-Но ќе се случи разрешување на сите судии кои работат со нарачки од остатоците од груевизмот. Ред дицсиплина и правда е еден од нашите столбови на којшто се обврзуваме. Мора да има ред во институциите, во администрацијата, мора да има и дисциплина, да се почитуваат законите- рече Спасовски.

Тој додаде дека правдата се зацврстува со донесениот Закон за јавно обвинителство што стапи на сила, а за којшто режимот претставен преку Мицкоски правеше `се што е можно за да не се донесе.

-Сите криминалци да одговараат беше нашата цел и со овој закон успеавме во тоа. Првата работа што ќе ја направиме – ќе ја испитаме имотната состојба на секој судија и јавен обвинител, колку имале и колку имаат. Правда е и да бидат разрешени судии по автоматизам кои намерно застаруваат предмети. Ќе има и ревизија во работењето на 5 проценти од судиите, по случаен избор – како и на кој начин пресудиле, дали правдата била пресудна или се јавиле Михајло, Филимена, Груевски или некој друг од режимот- најави Спасовски.

Тој повика да излеземе на изборите на 15 јули затоа што се носи важна одлука.

-Изборите се безбедни. Секој знае дека оваа коалиција Можеме, предводена од СДСМ, е сигурниот иден победник на 15 јули, но работата не е завршена сега, ќе биде завршена на во 21 часот во среда, да излеземе сите заедно и да гласаме за Можеме и број 3, за победа- порача Спасовски од граѓанската трибина вечерва во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот