Спасовски: Партиите не треба да ги земаат државните пари за оваа година кои им следат според закон

Сите пари за нормално функционирање до крајот на годината се обезбедени, во смисла на плати, на пензии, на други трансфери. Не можеме целосно да процениме што ќе се случи до декември, но очекуваме дека сите аспекти ќе се подобрат, и здравството и економијата, еве во мај имаме зголемен прилив во буџетот за разлика од април. Ќе имаме дополнителни економски раздвижувања, не ги прекинавме капиталните инвестиции, правиме се да ја одржуваме државата економски активна, наведе техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој во интервјуто на Телевизија 24 нагласи дека и оваа година државата има милионски долгови и камати заради долговите на ВМРО ДПМНЕ.

– Наш став беше дека партиите не треба да ги земаат државните пари за оваа година кои им следат според закон. И ние ќе останеме на тоа, иако други партии не се согласуваат. Тоа е исто како и со функционерите, нашите ги донираат платите, другите не го прават тоа. Ќе размислиме дали со уредба можеме да ги ограничиме парите за партиите од буџетот, изјави Спасовски.

Според него, државата е подготвена да се справи и со трет бран на корона вирусот, но само ако има функционални институции, како парламент и политичка влада.

Тој напомена дека опозицијата манипулира со информации дека СДСМ поткупува гласачи.

– Не можам да се сложам дека хуманитарните активности во време на пандемија се поткуп на гласачите. Па сите држави носат мерки за заштита на граѓаните и на економијата. Да имавме избори на 12 април и да немавме пандемија немаше да носиме вакви мерки за спас на стопанството и за заштита на здравјето. Оттаму, секој вид помош за граѓаните во време на пандемија не може и не смее да се толкува како поткуп, односно да се користи во политички и предизборни цели, потенцираше премиерот Спасовски. 

Прочитајте и...  Царовска: Кондово ја добива првата детска градинка

Прочитај повеќе

Силјановска говори за сексот и привлечноста на мангупите (ВИДЕО)

Слободен печат

Новинарка на Си Ен Ен ограбена во јавување во живо: Додека известуваше за водостојот, крадец ѝ извлече нож (ВИДЕО)

Слободен печат

Општина Дебар: Последиците од Ковид-19 ќе се зголемуваат со застрашувачки тренд

Слободен печат

„Ер Франс” укинува 7.500 работни места

Слободен печат

Пакистанскиот министер за надворешни работи позитивен на коронавирус

Слободен печат

Биле во брак 53 години, а потоа и двајцата починале од коронавирус, држејќи се за раце (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски: Уверен сум дека народот ќе му го заврти грбот на Зоран Заев (ВИДЕО)

Слободен печат

Отворање на нов независен Театар „Златен елец“ во Скопје

Слободен печат

Поранешен директор на АИ за Турција осуден на шест години затвор поради тероризам

Слободен печат

Силјановска: На 15 јули мора да се стави крај на катастрофалното владеење на СДСМ

Слободен печат

Мицкоски: Луѓето се незадоволни од живејачката, луѓето сакаат промени

Слободен печат

Заев: Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него (ВИДЕО)

Слободен печат