Спасовски: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите за да го запреме вирусот

– Ги преземаме сите можни мерки и активности за да го спречиме ширењето, да ги намалиме последиците, напиша Спасовски на Фејсбук

Премиерот Оливер Спасовски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од КОВИД-19.

– За жал, во доцните часови на минатата ноќ, од последици предизвикани од коронавирусот, ја добивме првата жртва. Сочувствувам со семејството на починатата, моја сограѓанка од Куманово. Сите мои мисли се сега со нејзиниот син во неговата борба со вирусот, напиша Спасовски.

Знаевме, наведува тој, дека овој подмолен вирус зема жртви.

– Ги преземаме сите можни мерки и активности за да го спречиме ширењето, да ги намалиме последиците. Останува и понатаму нашиот, мојот силен апел: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите и учествувајте сите во битката да го запреме вирусот. Да му ги одземеме можностите да се шири. Нема потреба од паника. Бидете трпеливи, храбри и разумни, напиша Спасовски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот