Спасовски: Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри (ВИДЕО)

Пред нас се многу сериозни избори, на коишто избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи. За да ги заштитиме здравјето и егзистенцијата на сите, мораме да продолжиме со нови, реални иницијативи и одговорни политики, по правиот пат, рече во Куманово, носителот на Изборна единица 2, Оливер Спасовски.

-Видовте дека претставничката од ВМРО-ДПМНЕ во Владата блокираше 30 милиони евра пари од Светската банка, што требаше да бидат вложени директно во здравството, во време кога цел свет наоѓа начини да се справи со последиците од коронакризата. А ги слушаме деновиве како ќе го обновеле здравството, што го урнисаа во децениското владеење со криминалните политики и продолжуваат да се однесуваат неодговорно. Ние, за три години обновивме 30 јавно-здравствени установи во земјава- рече Спасовски.

Во ИЕ 2, рече Спасовски, Куманово доби нов Ургентен центар со можност за опслужување 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата, инвестиција од 900.000 евра.

-Пуштивме во работа нов Ургентен центар во Прилеп, иницијатива што постоеше цели 15 години, Струмица, по 33 години доби нова општа болница, по 50 години, целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина. Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри- потенцираше тој.

-Со нашиот развоен концепт, обезбедуваме трипати повеќе специјализации. Скопје добива нов Клинички центар. Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри. Воведуваме и целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи. Замислете како ќе беше во оваа здравствена криза, да не ги имавме направено вложувањата во здравството, за само три години?! Како ќе беше да не ги имавме помошта и поддршката од нашите НАТО и ЕУ партнери, што ги обновивме во изминатите 3 години?! Обнова на режимот е опасност што нема да ја дозволиме. Мораме да излеземе на гласањето на 15.јули во што поголем број за да продолжиме по правиот пат- рече Спасовски.

Ќе успееме и во заштитата на јавното здравје. потенцираше тој, и нашата држава да добие институции со полн капацитет, што одговорно ќе се грижат за здравјето и егзистенцијата на сите граѓани.

-По НАТО, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ, бидејки ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата. Тоа носи развој на сите области – и во здравството, можеме уште повеќе и уште подобро и продолжуваме во сигурна иднина по правиот пат- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот