Спасовски: Одговорите за пасошите треба да ги барате кај Чулев (ВИДЕО)

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција денеска рече дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев проблемот со пасошите треба сам да си го реши.

Тој пред медиумите за проектот Чебрен даде нецелосни одговори на новинарските прашања и рече дека во негово време додека бил на чело на МВР немало проблеми со изработката на патните исправи.

– Мислам дека со подобро менаџирање, функционирање внатре во организацијата, немаше да дојде до ваква криза. Во моментов такви се овластувањата на МВР и не може да се каже дека нема политичка волја за решавање на проблемот. Месец и пол функционира оваа Влада, а информацијата е пред една недела, изјави Спасовски.

Тој потенцираше дека Чулев е тој кој треба да ја утврди одговорноста и дека тој треба да и објасни на јавноста за новонастанатата криза.

– За функционирањето внатре во министерството е надлежен министерот и има начини како да се утврди одговорност. Јас додека бев министер немаше проблем во издавањето на пасошите и другите лични документи. Ако Чулев има решение нека го соопшти. Јас да бев на тоа место ќе ви одговорев, но сега има друг министер кој треба да ви одговори“, додаде Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот