Спасовски оддаде почит на загинатите бранители Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски

Фото МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со раководството на СВР Скопје положи цвеќе на Споменикот на бранителите во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, по повод 23-годишнината од загинувањето на полициските службеници Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски.

– Семејствата на загинатите бранители упатија барање до МВР и Полициската станица Гази Баба да се преземе организацијата за годишното одбележување, за што од страна на министерот Спасовски и началникот на СВР Скопје, Даневски беше изразена согласноста од наредната година да биде организирано одбележувањето од страна на ПС Гази Баба, велат од Министерството за внатрешни работи.

Тројцата полициски службеници во 2000 година загинаа во вооружен напад во Арачиново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот