Спасовски од Шуто Оризари: Невработеноста со ВМРО-ДПМНЕ беше над 40%, со СДСМ е под 16

Оливер Спасовски/ Фото: СДСМ

-Невработеноста е на рекордно најниско ниво, во време на режимот беше над 40 отсто, денес е 15,9- рече Спасовски пред граѓаните, рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовки на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Шуто Оризари

-Имавме визија за едно општество за сите, и јас сум горд што многу сериозно го градиме и успеавме и да го одбраниме, овој концепт е за сите и за Македонците и за Албанците и Ромите и Србите и секој што живее овде, но оваа порака најсилно се шири од единствената ромска општина во светот, каде има соживот, еднаква грижа за сите граѓани, развој, посочи Спасовски.

Според него политиките на СДСМ се за зголемување на животниот стандард, инфраструктурата за секоја општина и град, а резултатите се видливи.

– Се чувствува напредок на државата, поставивме пример за демократско и отчетно трошење на парите, не ги трошиме на барок, галии и палми, не фрламе 700 милиони евра за споменици, градиме училишта, градинки, спортски сали, се она што е потреба на граѓаните. Вложувањето во образованието, здравството, социјалата, значи подобар живот за секој граѓанин.

-Ја зголемивме минималната плата од 9000 на 15.200 денари, минималната плата ќе биде минимум 300 евра, наредните години многу повеќе ќе растат и пензиите согласно просечната плата, секој граѓанин ќе добие подобар животен стандард, заклучи Спасовски.

Потсети дека платите растат и во здравството и во образованието и во полицијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот