Спасовски од Ѓорче Петров: Ќе живееме како европски граѓани со европски плати

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на граѓанската трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Тој зборуваше за храбрите одлуки и постигнувањата на нашата држава во изминатите три години со што државата стана членка на НАТО, на чекор е до отворање на преговорите со ЕУ, овозможивме стабилност на политички и безбедносен план, без што нема развој.

-Создадовме држава во која сите сме слободни, владее демократија, никој повеќе не нè дели, сите сме едно, затоа што секој е важен. Создадовме држава ценет меѓународен партнер, држава која знае да решава прашања. Денеска заедно со Грција и Бугарија одиме напред, кои се наши лобисти, заедно станавме дел од НАТО, заедно ќе станеме и дел од ЕУ. Имаме двојно повеќе причини да не им дозволиме да не вратат назад, во режим и грабеж. Ветуваме дека за 4 години ќе затвориме 80 проценти од поглавјата и во наредните 5-6 години ќе бидеме европски граѓани со европски плати и европски просперитет- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот