Спасовски: Од државата нема посилен никој, ни верски лидер ни институција – Денес ќе се носи одлука за 58 часовниот карантин

По предавањето на донацијата на неинвазивни респиратори на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, техничкиот премиер одговори на новинарски прашање за тоа дали ќе имаме 58 часовен карантин за време на продолжениот викенд.

-Ние до сега не само што се повикувавме туку ги носевме одлуките врз основа на предлозите на епидемиолозите. Политички одлуки не се решение на здравствените проблеми. Седницата ќе биде во 17 часот и тогаш ќе одлучуваме за овој предлог, рече Спасовски и додаде дека треба да се носи одлука врз основа на науката, а не на политиката.

Откако ИВЗ излезе со соопштение за празникот Рамазан Бајрам, Спасовски истакна дека никој не е над државата.

-Од државата нема посилен никој, ни верски лидер ни институција. Државата ги носи одлуките и таа управува со системот во вакви ситуации. Воопшто ако некој мисли дека ќе врши притисок по разни основи, треба да знае дека нема да издејствува ништо. Ако носиме такви одлуки ќе имавме по две седници на ден. Ние сме одговорни и сериозни луѓе, и докажавме дека носиме одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на земјата. Одлуката ќе ја носиме врз основа на анализите, рече Спасовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот