Спасовски од дома командува со МВР

Оливер Спасовски / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не беше на седница на Советот за национална безбедност која се одржа во Вилата Водно, по иницијатива на шефот на државата Стево Пендаровски.

Како што е познато, Спасовски беше ковид позитивен и беше лекуван на Инфективната болница во Скопје.

Откако му се подобрила состојбата тој беше отпуштен од болницата на домашно лекување.

Од МВР велат дека работните обврски Спасовски во изминатите денови ги извршува од дома, а најверојатно од понеделник ќе се врати на извршување на работните задачи токму од седиштето на МВР во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот