Спасовски: Очекувам граѓаните да излезат на изборите да избереме Влада и Парламент

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски во вечерашната дебата на Телма одговори околу очекувањата за излезност на изборите.

-Важно е да ги воспоставиме институциите на системот и тие да бидат функционални. Како ќе ги воспоставиме ако нема избори?! Очекувам дека граѓаните ќе бидат на висина на одговорноста и дека ќе имаме доволна излезност што ќе даде легитимитет на новата Влада и на Парламентот коишто се потребни за носење одлуки од здравствен аспекти, заради економијата и европските интеграции- рече Спасовски.

Во врска здравствената ситуација, Спасовски, како премиер, оцени дека Владата донесе навремени и исправни одлуки и дека одлуките што се носат се поврзани исклучиво со заштитата на животот и здравјето на граѓаните. Ако има проценка за потреба од рестрикција за граничен влез, тоа ќе го разгледаме на Главиот Кризен Штаб, рече Спасовски, кој повторно ги повика граѓаните во земјава, да ги почитуваат мерките што значат нивна заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот