Спасовски: Новата вонредна состојба е заради рестартирањето на економијата (ВИДЕО)

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тој додаде дека анализите на експертите и СЗО покажуваат дека коронавирусот ќе има посилен интензитет во текот на есента и зимата, кога, истакна тој, државата не смее да биде оставена без институции со цел капацитет.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да преземат одговорност и за парламентарните избори. Според него, избори треба да се одржат бидејќи државниот систем треба да биде целосно функционален за да се справува со пандемијата.

-Во овие моменти кога разговараме, една од причините за нови 14 дена вонредна состојба се темели и на тоа дека треба да носиме одлуки кои ќе значат поддршка на рестартирањето на македонската економија, поддршка на граѓаните, со цел да се надмине ова што ни се случуваше како резултат на здравствената криза – рече Спасовски.

Тој додаде дека анализите на експертите и СЗО покажуваат дека коронавирусот ќе има посилен интензитет во текот на есента и зимата, кога, истакна тој, државата не смее да биде оставена без институции со цел капацитет.

-Ова би биле 14 дена во кои треба да ги завршиме сите апекти во делот на справувањето со економските последици со здравствената криза, да се продолжи со сите мерки кои ги донесе Владата. Едно треба да ни биде јасно, со пандемијата треба да научиме за живемее. Едноставно, секој граѓанин треба да биде свесен дека мора да живее со паднемијата и согласно со тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување – порача Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот