Спасовски: Никаква обнова нема, само Груевски е обновен во Мицкоски

Носителот на листата на Коалицијата „Можеме” во ИЕ 2, Оливер Спасовски денеска на средба со жителите во скопската општина Гази Баба порача дека овие избори се избори на кои се одлучува за иднината на земјата, за сочувување на сигурноста и продолжување на развојната економија и просперитетот.

-Ние сме на потег, да си ја сочуваме сигурноста и да продолжиме со развојна економија и напред. Само 3 години после режим, успеавме државата да ја направиме членка на НАТО. Мандатот за напред го бараме за да ја реализираме и втората државна стратешка цел што е отпочната – преговорите со ЕУ. Решававме стратешки прашања и ја покренавме економијата со повисоки плати, пензии, социјалана помош, финансиска поддршка за младите. Новиот мандат го бараме за уште повеќе пари кај граѓаните, нови покачувања на платите, пензиите, приходите кај граѓаните, по сите основи, со новата развојна економија. Но мора да си ја сочуваме државата од режимот кој гледате се грапчи да дојде на власт. Тие не ставаат во ќесите на луѓето, тие им вадат, дури и на сила, тие знаат да ставаат само во свои џебови. А тоа што владеат монструозно, со закани и по живот, да не зборуваме. Да не си ја пуштиме државата и сигурноста по вода, да излеземе и да гласаме на 15 јули, повика Спасовски.
Нагласи дека условите се специфични, но гласањето е безбедно.
-Мора да излеземе на гласање како што мора да одиме во продавница и на пазар. Зошто одиме? Затоа што не можеме без храна. Е па не можеме и без институции. Кој ќе носи одлуки за да се сочува јавното здравје – режимот? Кој ќе носи одлуки за домашни платежни картички и поддршка на семејните буџети и бизнисите – режимот? Обновен режим е голема опасност. Не им е грижа ни за здравје, ни за државни интереси, ни за егзистенцијата на луѓето. Само да го обноват режимот за да крадат во дестабилизација. Голема опасност е тоа. Никаква обнова нема, само Груевски е обновен во Мицкоски. Да си излеземе на гласање, донесени се сите заштитни протоколи и да си продолжиме по правиот пат зашто сигурноста на нашите деца и на нашата држава е во прашање. Гласаме за број 3 на 15 јули, за Сигурност и ќе има и повеќе и подобро за сите граѓани, порача Спасовски на средбите во Гази Баба.
Прочитајте и...  Филипче: Се подготвуваме за многу полошо сценарио наесен, што може да доведе болниците да се пренатрупаат

Прочитај повеќе

БИРН: Иако беше двојно поактивна на Твитер, владејачката коалиција извојува мала победа на изборите

Слободен печат

В понеделник авионско прскање против комарци во Скопје

Слободен печат

На грчкиот остров Хиос пристигнале 23 турски државјани и наводно бараат политички азил

МИА Агенција

„Ситуацијата се искомплицира“: Контроверзниот Џордан Питерсон се заразил со корона во Србија!

СП.

Шпан: Германскиот здравствен систем може да се справи со бројот на нови случаи од Ковид-19

МИА Агенција

Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули следната година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кипарската полиција го најде и го сослуша Русинот кој е сопственик на бродот кој го пренесе амониум нитратот во Бејрут

Слободен печат

ТОАРИЛУЦ со нова современа хируршка метода без отворање на ‘рбетниот столб

Слободен печат

Градоначалникот Георгиевски донираше крвна плазма

Слободен печат

Бугарската полиција ги отстрани шаторите на демонстрантите: Уапсени се 12 лица

Слободен печат

СДСМ до Влада со ултиматум до партиите!

Љубиша Николовски

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Слободен печат