Спасовски: Ние градиме за граѓаните, тие крадат за Белата палата (ВИДЕО)

Општината Гази Баба е пример како ние градиме, а ВМРО-ДПМНЕ мислеше само како да краде. Јурумлери, за прв пат после 20 години добива фекална канализација и се ослободува од црна кал, а ВМРО-ДПМНЕ со години овде беше власт и не направи ништо освен што им ги крадеше парите за својата Бела палата, рече на прес конференција Оливер Спасовски, носителот на ИЕ2 во општина Гази Баба.

-Ние изградивме Вакум станицата за фекална канализација за цело Јурумлери, прва од ваков вид Македонија, првата фаза е изведена со поставување на инфраструктурата кон две улици и домаќинствата и продолкжува втората фаза кон другите краци. ВМРО-ДПМНЕ им бараше самопридонес на граѓаните за водовод и канализација, а сега инфраструктурата до улиците е бесплатна за жителите затоа што ние ги насочуваме парите кон граѓаните. За прв пат по 20 години централната власт подаде рака на Гази Баба и само за патната инфраструктура во оваа општина се дадени 1 милион и 920 илјади евра- рече Спасовски.

-Владо Мисајловски доаѓа да се шета овде, но нема објаснување зошто кога седеше во Владата на Груевски како министер за транспорт и врски не се заложи за канализација во Јурумлери, за водовод во Раштак, за водовод во Булачани каде сега се вложува, а тие ги оставија луѓето без вода во 21-от век! Само во изборната единица 2 со инвестиција од 48 милиони 585 илјади и 698 денари – се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта. Низ целата држава се градат 260 киломентри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 киломенри водоводи и канализации- потенцираше Спасовски.

Направивме пресврт, рече тој, и покажавме што значат политики на парите кон граѓаните наместо во џебови на режим.

-ВМРО-ДПМНЕ ги краде парите на граѓаните, а ни Мицковски, ни Мисајловски не знаат економија. Ние овозможуваме брза развојна економија, можеме уште повеќе и уште подобро и затоа на 15.јули продолжуваме во сигурна иднина, заедно напред- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот