Спасовски: Неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи е причина за зголемениот број на заразени

Оливер Спасовски / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Мерката која значеше групирање на не повеќе од две лица, никој не ја почитува, рече Спасовски, таа е сè уште задолжителна.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски попладнево гостуваше на телевизија 24, каде наведе неколку причини зошто бројот на заразени од коронавирусот во последниве денови е во пораст.

Мерката која значеше забрана за групирање на повеќе од две лица, никој не ја почитува, рече Спасовски, таа е сè уште задолжителна и треба тоа да се санкционира.

-Една од глaвните причини е тоа што луѓето не ги почитуваа докрај забраните за движење и собири. Некои сметаат дека вирусот не постои, дека не е опасен. А, една од клучните работи е што имаше и неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи: јавно се најави дека нема да бидат казнувани оние кои ги прекршуваат мерките. Причина за зголемениот број на дијагностицирани е и тоа што се прави таргетирано и масовно тестирање на семејства кои беа зафатени од приватни средби и ифтарски вечери и од конфекциите во Штип. Тоа масовно тестирање придонесе да се зголемува таа бројка, тоа значи дека завршуваат тестирањата во овие неколку дена и се очекува да падне бројот, вели Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот