Спасовски: Непочитувањето на мерките ќе се санкционира од надлежните институции

Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи.

-Упатувам апел до граѓаните, сè со цел заеднички да си помогнеме во намалување на рестрикциите. Меѓутоа, не ја исклучувам можноста до повторно воведување на рестриктивни мерки, особено во општини каде има вакви тенденции. Непочитувањето на мерките ќе се санкционира од надлежните институции- вели Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот