Спасовски: Неопходни се брзи избори за обезбедување стабилни институции

Една од одговорностите на Владата, потенцираше, е да направи се колку што е можно побргу да им ја обезбеди новата нормалност на сите граѓани

Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење  до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу  создадени услови,  порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

Тој истакна дека на македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на функционирање на државата, а на македонските граѓани им треба функционално Собрание.

Една од одговорностите на Владата, потенцираше, е да направи се колку што е можно побргу да им ја обезбеди новата нормалност на сите граѓани

-Сите што се спротивставуваат  на новата нормалност придонесуваат земјата да ни остане во  здравствено економската криза, а тоа не е одговорно однесување, посочи Спасовски, на прес-конференцијата на која беше објавено олабавување на рестриктивните мерки за вирусот КОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот