Спасовски: Нема да има пардон за никого, никој нема право да го загрозува здравјето на другиот

Секој еден кој нема да биде во самоиозлација, при проверка директно ќе ги носиме во центри за изолација. Ние веќе имаме подговено капацитети, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на „Телма“ телевизија.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, техничкиот премиер Оливер Спасовски, најави дека ќе има нова мерка за сите оние што ќе ја прекршат самоизолацијата.

Подготвени се колективни центри, потенцираше Спасовски, за изолација и секој што ќе ја прекрши самоизолацијата, веднаш ќе биде пренесен во таков центар.

-Капацитетите и на полицијата и на АРМ се ставени во функција комплет. На основа на тоа ќе се подготвува посебен план и реусурсите да ги користиме до максимум. Дека постои проблем со одредени лица во самоизолација, постои. Затоа сега подготуваме една мерка. Секој еден кој нема да биде во самоиозлација, при проверка директно ќе ги носиме во центри за изолација. Ние веќе имаме подговено капацитети. Нема да има пардон за никого, никој нема право да го загрозува здравјето на другит. Значи, и кривични пријави и изолација во центри за изолација, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот