Спасовски: Нема да ги одложуваме манифестациите, ќе ги следиме препораките на Кризниот штаб

Премиерот Оливер Спасовски по првиот регистриран случај на заболен од коронавирус рече дека нема место за паника и хистерија во однос на откривањето на овој случај.

Порача дека секој од нас треба да биде на висината на нашата лична одговорност и да допринесе за надминување на овие состојби.

– Денес е потврден првиот случај на коронавирус. Спроведени се сите мерки за понатамошен третман. Ситуацијата е под контрола и сите државни служби се подготвени да реагираат и нема причина за паника бидејќи воспоставена е контрола, системите се во целосна подготвеност и сите мерки преземени досега се врз основа на здравствените протоколи. Преминуваме на следната фаза што значи справување со една ваква состојба. Граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство добиени од СЗО. Институциите имаат капацитет бидејќи ги почитуваме стандардите – рече Спасовски.

Прочитајте и...  Русија испраќа уште шест авиони помош во медицинска опрема за Србија

Според премиерот, добро е тоа што веќе се поставени системи за рана детекција и третман на различни групи на лица заболени од коронавирус. Порача дека преку Кризниот штаб за коронавирус јавноста редовно ќе биде информирана, со цел заштита на јавното здравје.

– Важно е во вакви услови свеста кај граѓаните да биде на високо ниво, да се почитуваат препораките и во смисла на општествената одговорност, да не се однесуваме неодговорно преку социјалните мрежи за да се спречат дополнителни проблеми – рече Спасовски.

Владата веќе даде препораки да бидат одложени екскурзиите во Италија. Во однос на јавните манифестации во наредниот период, Спасовски рече дека ќе ги следат препораките од Кризниот штаб кој е во постојано заседание.

Прочитајте и...  Предраг Кон: Не можеме да следиме кој од кого се заразил, Србија не ја држи ситуацијата во свои раце

– Врз основа на добиените информации ќе носиме одлука. Засега сметаме дека нема потреба од никакво ограничување. Животот мора да продолжи нормално – рече Спасовски.

Д-р Караџовски: Едно позитивно лице не значи ризик за населението, медицинските служби се подготвени

ОФИЦИЈАЛНО: Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

Прочитај повеќе

Втор викенд со полициски час, празни улици низ Скопје (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација од 20.000 китови за тестирање

Слободен печат

Бојаџиев: Инфективното одделение и дежурниот лекар ги запазиле процедурите за коронавирус кај 78-годишниот велешанец

Слободен печат

Спасовски: Ова е и повик до сите наши граѓани – Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници

Слободен печат

Руската помош за Италија не е квалитетна?

Корона криза во доба на роботи: „Каде тргнавте госпоѓо? Лична карта, ве молам!”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Унгарија подготвува 27 милијарди евра за живнување на економијата

Слободен печат

Во Швајцарија од Ковид-19 починаа 540 лица, во Холандија бројката се искачи на 1.651

Бојана Нојиќ

Внуката на сенаторот Роберт Кенеди и нејзиниот син исчезнаа во водите на Заливот Чесапик

Бојана Нојиќ

Бремената свршеница на Борис Џонсон имала симптоми на Ковид-19

Слободен печат

Охриѓанката Нацева донира маски, ракавици и дезинфекциски средства за полицајците

Слободен печат

Погледнете како изгледа пазарот во Неапол среде пандемија на коронавирус (ФОТО)

Слободен печат