Спасовски: Нема да дозволиме влечење за уши, ќе ги пратиме во опозиција да се обноват

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина вечерава во Шуто Оризари порача дека ова е трибина во очи големата победата на иднината на нашата земја на 15 јули.

-Вложувавме во инфраструктурата во секоја општина, се вложувавме во секој човек. Се што беше најголем проблем во време на режимот е решен денес или е во фаза на решавање. Градевме патишта, улици, водоводи, канализации, една од најубавите градинки е овде во Шуто Оризари. Нашите противници се истите од времето на режимот. Го имаме Груевски на политичката сцена обновен во Мицкоски. Мисајловски една шајка не закова во неговата општина, ние денес ги решаваме проблемите во сите општини- реч Спасовски.

Денес сите сме исти и сите сме едно, потенцираше тој, наместо да рушиме, градиме.

-Многу работевме да го јакнеме концептот што го постави претседателот Заев за Едно општество за сите и покажавме дека секој заслужува иста шанса да работи, да се образува, да живее, заедно да ја градиме иднината на нашата земја. Направивме храбри одлуки и само за три години Република Северна Македонија стана членка на НАТО и ги отворивме перспективите за ЕУ. Требаше да имаме поддршка и таа поддршка ја црпевме од сите вас, благодариме. Покажавте дека сте прогресивни вградувајќи се во европска Македонија, како што се вградивте во независноста на нашата држава- рече Спасовски.

Мора да донесеме важна одлука, истакна Спасовски, Македонија да продолжи напред со економијата, подобар животен стандард, повисоки плати, социјална помош, пензиите.

-Режимот не смееме да се врати. Нема да дозволиме влечење за уши. Ќе ги пратиме во опозиција да се обноват. Масовно да излеземе на избори и уште од пладне да ја најавиме победата на 15 јули- повика Спасовски во Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот