ВИДЕО | Спасовски: Не сакам да прејудицирам околу полицискиот час

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска не сакаше да изнесе детали околу евентуалното воведување полициски час.

– Не сакам да прејудицирам околу полицискиот час. Денеска ќе се разговара за тоа на седница на Влада. Сепак, морам да нагласам дека каква и да биде одлуката, граѓаните мораат да ја почитуваат. Бидејќи истите тие кои сега се жалат што ќе се ограничи движењето, ќе негодуваат и кога ќе продолжи да расте бројот на заразени, нагласи Спасовски.

Тој додаде дека е свесен дека рестриктивните мерки кои се носат, не се популарни мерки, но верува дека се неопходни за да се заштити населението од ширење на вирусот.

– Дали имаме нешто поценето од здравјето и животот на граѓаните? Дали се размислува дека секој од нас е потенцијална опасност за пренос на вирусот при секое групирање во ресторан или дома? Одлуките коишто мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на нашето однесување. Државата мора да реагира ако не се почитуваат мерките. Сѐ уште не е познато каков ќе биде габаритот на одлуката доколку се донесе, но во случај да се донесе, ќе мора да се почитува. Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да се случи целосно оптеретување на здравствениот систем, нагласи Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот