Спасовски не открива дали ќе биде технички премиер

Вицепремиерот и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не открива дали ќе го наследи премиерот Зоран Заев во техничката Влада, односно дали тој ќе биде техничкиот премиер.

Тој вели дека има уште време до формирање на техничка Влада, а сега бил фокусиран на неговата актуелна позиција, министер за внатрешни работи.

– За сите прашања што ќе бидат за формирањето на техничката влада кои ќе бидат личностите во таа влада, сигурно за тоа ќе одлучува премиерот, ќе одлучуваат органите на партијата и не би сакал уште сега да шпекулираме заради тоа што навистина за тоа нема потреба. Кога ќе дојде моментот ќе се донесат одлуките и тие ќе бидат соопштени во јавноста – изјави Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот