Спасовски: Научивме дека треба да учиме од историјата, а не да повторуваме

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во својот говор премиерот Спасовски рече дека пратениците во овој парламент донесоа тешки одлуки.

Премиерот Оливер Спасовски на денешната свечена седница на која се ратификува протоколот за членство во НАТО рече дека денеска е историски ден, бидејќи Северна Македонија станува дел од безбедносниот штит на најважниот воен сојуз во светот.

– Историјата се пишува со храбри одлуки и компромиси прифатливи од сите страни. Кога сите мислеа дека нема излез ние се вративме на вистинскиот пат, во реалноста кон аспирациите да го реализираме членството во НАТО. На овој свечен чин должни сме да му дадеме признание на мојот претходник Зоран Заев кој за две и пол години презеде иницијативи кои го овозможија овој настан да стане реалност а тоа ратификација на договорот за членство во НАТО, рече Спасовски.

Во својот говор премиерот Спасовски рече дека пратениците во овој парламент донесоа тешки одлуки.

– Не беше лесно да се помине низ процес за промена на името на државата а да ги задржиме нашите идентитетски прашања. Со договорите со Грција и Бугарија ги отворивме страниците на пријателство, го урнавме ѕидот кој не делеше и изградивме пријателство меѓу двата народи. Грција беше првата земја членка на НАТО која го ратификуваше договорот за нашето членство на НАТО, рече Спасовски.

Големите визии можат да се реализираат само преку акција научивме дека треба да учиме од историјата а не да повторуваме. Спасовски посочи дека на 27 април државата се соочила со најбрутална закана врз демократијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот