Спасовски: Набавката на софтверот не е нарачка на МВР, туку е набавен од Генералниот секретаријат

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ рече дека МВР има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот, но Министерството во моментов прави анализи дали набавката ќе биде преку јавно-приватно партнерство, дали ќе се искористи системот „SafeCity“ или пак ќе се набавува нов софтвер.

– Ако зборуваме за тоа дали има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот при кој ќе нема човечки фактор ќе одлучува, да, има потреба. Оставката и кои се побудите за тоа не сакам да коментирам, бидејќи тоа е лична одлука. Работевме многу да направиме план во кој ќе има резултати за зголемување на безбедноста. За 23 проценти е намален бројот на сообраќајни незгоди. Со овие физички сообраќајни контроли, се намали бројот на сообраќајки со тешки последици. Вториот дел е како сето ова да се подобри. Затоа е важно софтверско решение, да преку камери овозможиме контрола при која нема да има човечки фактори. Ние правиме анализи дали ќе се оди со јавно-приватно партнерство, дали ќе се користи „SafeCity“ или ќе се набавува нов софтвер. Набавката направена во Владаta не е набавка направена по нарачка на МВР. Според тоа што е направено нарачателот е Генералниот секретаријат на Владата. Се води постапка за овој случај и институциите ќе испитаат и тоа е важно, вели Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот