Спасовски на литургија по повод Свети Гаврил Лесновски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов денеска го посетија Лесновскиот манастир по поводт Свети Гаврил Лесновски.
Светецот од Осечко Поле подвизувал 30 години во Лесновската Гора близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир во чест на Архангел Михаил. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостои со дар на чудотворење. Со својата десетвековна историја Лесновски манастир претставува духовно светилиште и книжевен центар – синоним на вековното македонско духовно постоење. Богатиот фрескоживопис од византискиот период, првиот резбан иконостас, пленат со својот духовен мир и божја благодат. Тука се негува монашкиот живот, па така во минатото Лесновската Гора ја нарекувале „Монашка република“. Самите монаси велат дека една од најголемите библиотеки во сиот православен свет била токму во Лесновскиот манастир, но за време на Балканските и светските војни сите книги биле изнесени и голем дел од ракописите може да се најдат во библиотеките на соседните земји и по приватни колекции низ Европа, пишува на Фејсбук Спасовски.